Протестите во Франција полицијата едвај ги контролира. Пред неколку часа е објавено видео на кое се гледа грубоста на полицијата која се пресметува со човек во инвалидска количка.

Претседателот на Франција Емануел Макрон на Твитер ѝ се заблагодари на полицијата за „професионалноста и храброста“, откако 1.220 лица беа уапсени во насилствата на антивладините демонстрации во Париз и во другите градови, вклучувајќи ги Лион, Марсеј и Бордо. Се очекува Макрон наредниве денови да одржи голем говор, и да се осврне на проблемите на „жолтите елеци“. Премиерот Едуар Филип апелираше на „единство“ и вети дека Макрон ќе се осврне на проблемите на демонстрантите.

Макрон молчеше додека се одржуваа демонстрациите, кои траат веќе четири недели, откако движењето што почна како протест против зголемување на данокот на гориво се претвори во бунт против намалениот животен стандард. Тој веќе го укина најавеното зголемување на данокот на горивата, но тој чекор не стави крај на протестите на движењето на „жолтите елеци“, кои бараат помали даноци, зголемување на минималната плата и пензија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.