Повеќе од 10 полицајци од Минеаполис го осудуваат колегата обвинет за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд и велат дека се подготвени да прифатат „промени, реформи и обнова“.
Во писмото објавено на веб-страницата на весникот „Стар Трибјун“ од Минеаполис, 14 полицајци напишале дека „го осудуваат Дерек Шовин“.
„Дерек Шовин, како и ние, се заколнал дека светоста на животот ќе биде најскапоцена за него. Дерек Шовин не успеа како човек. Тој му го одзеде достоинството и животот на Џорџ Флојд. Тоа не сме ние”, се наведува во писмото.
Полицајците наведуваат дека тие не се ниту синдикат ниту администрација.
Тие го поддржаа шефот на полицијата Медар Арадондо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.