Поддржувачите на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп се судрија со безбедносните сили и упаднаа во Конгресот за време на седница на која требаше да биде потврдена победата на Џо Бајден на претседателските избори. Демонстрантите пробија повеќе полициски барикади и влегоа во зградата, а потпретседателот на САД Мајк Пенс и членовите на Конгресот беа евакуирани.
Најновите информации кои доаѓаат од Вашингтон се дека полицијата тргнала во контраофанзива против демонстрантите и дека го расчистува Капитол.
Пратениците се евакуирани од комплексот на Конгресот на САД и ќе бидат префрлени во Форт Мекнеир, најблиската воена база во Вашингтон.
Сè уште не се знае кога ќе продолжи седницата на Конгресот на која Бајден треба да биде прогласен за победник на претседателските избори.
Контраофанзива на полицијата во Конгресот, ги исфрлаат демонстрантите (ВИДЕО)

Најновите информации кои доаѓаат од Вашингтон се дека полицијата тргнала во контраофанзива против демонстрантите и дека го расчистува Капитол.
Пратениците се евакуирани од комплексот на Конгресот на САД и ќе бидат префрлени во Форт Мекнеир, најблиската воена база во Вашингтон.
Сè уште не се знае кога ќе продолжи седницата на Конгресот на која Бајден треба да биде прогласен за победник на претседателските избори.
„Капитол се расчистува. Кога ќе биде безбедно, ќе се вратиме за да ги довршиме нашите уставни обврски. Ова се Соединетите Држави. Нема да дозволиме владеењето на толпата да го поткопа владеењето на законот“, им кажа на новинарите републиканскиот пратеник Хаким Џефрис.
Специјалниот претставник на Трамп Ричард Гренел изјави дека бара секој кој учествувал во насилството да биде уапсен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.