Еден полицаец загина откако беше прободен со нож денеска при напад во близина на Пентагон, а полицијата го убила осомничениот за нападот, соопштија официјалните лица.
Пентагон, седиштето на американската војска, беше привремено блокиран откако денеска беа испукани неколку куршуми во близина на влезот во зградата, а полицаецот во Пентагон, кој бил прободен со нож, починал, рекоа официјалните лица, кои сакале да останат анонимни, бидејќи не се овластени да даваат изјави поради истрагата, пренесува АП.
Повеќе детали за нападот се очекуваат на прес – конференција во Пентагон.
Врската помеѓу пукањето и нападот врз полицаецот сѐ уште не е разјаснета, а властите веднаш не дадоа детали за овој настан.
Убиениот полицаец работел на безбедноста на Пентагон, изјави американскиот сенатор Марк Ворнер.
Шефот на Агенцијата за безбедност на Пентагон, Вудроу Кјус, изјави дека има неколку повредени при размената на оган во близина на автобуската станица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.