За време на протестите во Санкт Петербург, еден од најголемите градови во Русија, избуваа големи судири меѓу полицијата и демонстрантите кои излегоа на улиците во знак на поддршка на уапсениот опозициски лидер, Алексеј Навални.

На едно од видеата коишто се појавија на социјалните мрежи се гледа како полицаец, откако демонстрабти го напаѓаат и удираат од зад грб, извадил службен пиштол кон нив. Автентичноста на снимката не е потврдена.

На друга снимка се гледа човек во бесознание како го внесуваат во автобус, а полицијата е насекаде околу него.

Жителите на Санкт Петергург се сведоци на судири меѓу демонстрантите и полицијата веќе неколку денови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.