Пред два дена на 4 март, 188 патници качени на лет од Пекинг до Лос Анџелес, на компанијата „Еир Чајна“, завршија во Сибир.

Боингот 777 заврши на аеродромот во Анадир на далечниот руски исток, околу 3,697 километри од Владивосток. Ненадејното слетување било поради вклучување на аларм за пожар во делот од авионот наменет за багаж.

Патниците беа приморани да излезат од авионот користејќи ги мерките а итна евакуација на -6 степени целзиусови. Како што пишува „Раша бијонд“, патниците „беа далеку од Холивуд“.

На видео постирано на „ЈуТјуб“ се гледа како возрасните носејќи ги своите деца се мачат со снегот и ветерот на аеродромот.

 

View this post on Instagram

 

Air China in Russia. #airchina #Boeing #b777300er #Russia #airport #maintenance #slide #aircraft #slidedeployment

A post shared by Ning Ma/Cash (@sansirovicecaptain) on

Во моментов сите патници се сместени во делот на аеродромот наменет за интернационални летови и во ВИП делот. Обезбедена е храна и пијалоци. Докторите се на лице место но ниту еден од патниците не се пожали од својата здравствена состојба до сега – изјавил заменик-гувернерот на руската област Чукотка.

Според информациите, алармот за пожар бил лажен и немало простор за паника, но за секој случај компанијата „Еир Чајна“ пратила друг авион да ги однесе патниците од Русија до Лос Анџелес.

Ова не е прв ваков случај, во 2018 лет на „Еир Франс“ летајќи од Париз до Шангај со 280 патници заврши во рускиот град Иркутск. Три дена патниците тогаш беа заглавени во Сибир и не им беше дозволено да го напуштат хотелот бидејќи не поседуваа виза за влез во Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.