Последните информации кои ги пренесуваат светските медиуми за големиот пожар во париската катедрала Нотр Дам велат дека се урнала целата кровна конструкција

Претседателот на Франција, Емануал Макрон ги откажал сите активности по веста за пожарот во оваа катедрала која е една од туристичките икони на Париз.

Покривот целосно падна, а пламенот доаѓа од задната страна на катедралата, како да е факел, објавува „France24“ на Твитер.

Полицијата го евакуираше целиот простор околу катедралата, а пожарникарите се обидуваат да се справат со силниот пожар во внатрешноста на објектот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.