Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека ниту еден сој на корона вирусот досега не се ширел толку брзо како што е тоа случај со омикрон.

Од СЗО оценија дека веќе сите земји се погодени со овој сој.

Досега 77 земји пријавија случаи на зараза со омикрон сојот, но реалноста е дека омикрон веројатно се наоѓа во поголемиот број земји, иако сè уште не е детектиран. Омикрон се шири со брзина која никогаш претходно не сме ја виделе кај кој било друг сој – изјави директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Данска и Норвешка предвидуваат омикрон сојот да биде доминантен  кај нив вид веќе оваа недела.

Гебрејсус порача дека СЗО е загрижена затоа што луѓето сметаат дека овој сој е бениген.

Иако омикрон предизвикува помалку сериозни болести, бројот на случаи би можел да ги преплави здравствените системи кои не се подготвени – предупреди Гебрејсус.

Тој исто така ја предупреди меѓународната заедница дека вакцините сами по себе нема да овозможат излегување од здравствената криза и повика да се искористат сите противепидемиски мерки, како што се носење маски, проветрување на простории и одржување дистанца.

Гебрејсус нагласува и дека нема докази за ефикасноста на бустер дозите од вакцините против овој сој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.