Погубен маж кој си го убил семејството

Свет 07.02.2020 / 13:31

Маж од Далас, кој пред 18 години дрогиран ги уби својата жена, двете деца и двајца роднини, погубен е денес во градот Хантсвил во Тексас.

Кога почнал да пука во семејната куќа во август 2002 година, Абел Охоа бил дрогиран и барал пари за да купи уште наркотици.

Тој тогаш ги убил својата жена Сесилија (32), седумгодишната ќерка Кристал, деветмесечната ќерка Анахи, двајца роднини а уште едно лице било тешко повредени.

Сакам да се извинам на своето семејство, на кое што му нанесов тешка емоционална болка“, рекол Охоа пред да му биде ставена смртоносна инекција пренесе „АП“.

Охоа е второ лице кое е погубено оваа година во Тексас а трето во САД.

Уште седум погубувања се најавени во наредните месеци во Тексас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.