Францускиот претседател, Емануел Макрон ја пречека Ангела Меркел во префектурата на градот Тулуз, пред почетокот на нивната билатерална средба, по што ќе се одржи заедничката седница на Владите на Франција и на Германија.
Безбедноста за време на средбата е подигната на највисоко ниво и е забрането секакво движење низ областа во која се одвива средбата.
Според најавите од дипломатски извори од Берлин, Меркел на средбата ќе се обиде да го омекне ставот на Макрон околу отварањето на пристапните преговори со Македонија и со Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.