Двајца патници од бродот Дајмонд принцес усидрен во Јапонија, починале од коронавирус, додека 39 се во критична состојба.
На бродот во моментов има 620 патници заразени со коронавирус, пренесува Ројтерс.
Починатите патници биле маж и жена од Јапонија, на возраст од 87, односно 84 години.
Меѓу лицата кои се во критична состојба има и една девојка, која претходно била негативна на тестирањето.
Крузерот од 3. февруари се наоѓа во карантин во јапонското крајбрежје поради опасност од коронавирус, а од 5. февруари било побарано од сите патници да останат во своите кабини.
Околу 500 патници кои не се заразени денеска почнале да го напуштаат бродот, додека 100 од нив ќе се вратат во своите земји со чартер лет.
Министерството за здравство во Македонија информираше дека еден македонски државјанин, член на екипажот на јапонскиот крузер, е заразен во коронавирус и е хоспитализиран во јапонска болница, но со лесна клиничка слика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.