Меѓу 49. жртви на масакрот во џамијата во Нов Зеланд е и едно тригодишно дете кое починало во прегратките на својот татко. И понатаму трае процесот на идентификација на жртвите.
Малиот Мукад Ибрахим е именуван како една од најмладите жртви во Крајстчерч. Како што пренесува „Дејли меил“, тој прво се водел како исчезнат, но сепак е потврдено најстраѓното.
Момчето присуствувало во молитвата во џамија со таткото и постариот брат Абдиј Ибрахим, кога напаѓачот Брентон Тарант влетал во џамијата Ал Нур и почнал да пука.
Се верува дека неговиот татко и братчето преживеале затоа што се преправале дека се мртви.
Неговото семејство залудно го барало после нападот, а сега на Фејсбук е објавено и неговото име меѓу жртвите на нападот.
-Сите ние припаѓаме на Бога и нему ќе му се вратиме. Ќе ни недостасуваш, мил брате – напишал Абди.
Во саботата утрината. едејн семеен пријател потврдил дека малиот Мукид починал во прегратките на својот татко.
-Мукад Ибрахим за жал почина во рацете на својот татко минатата ноќ. Почивај во мир мал пријателу, на сите ќе ни недостасуваш – напишал тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.