Eдвиг Волтманс – Молиер (55), вработена во холандското Министерство за надворешни работи, чиј сопруг Јан Волтманс е амбасадор во Либан почина денеска од повредите со кои се здоби во експлозијата што се случи во пристаништето во Бејрут.
Како што соопшти холандското Министерство за надворешни работи, за време на експлозијата таа седела покрај нејзиниот сопруг во дневната соба во нивната куќа во Бејрут.
Масовната експлозија предизвика огромна штета на холандската амбасада, при што повредени се и четири други лица. Официјален претставник на Министерството за здравство во Либан објави денеска дека бројот на загинатите во либанската престолнина се искачи на 158, повредени се над 6 000, а дваесетина лица се водат за исчезнати.
„Хедвиг и Јан Волтманс беа заедно цели 38 години. Тие беа испратени во разни предизвикувачки мисии во странство. И двајцата направија своја кариера во министерството. Минатата недела, тие се вратија од одмор во нивниот сакан Либан“,
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.