Долгогодишниот премиер на Бахреин, шеикот Калифа бин Салман ал-Калифа (84) почина денеска, се вели во објавата на официјалниот налог на Кралството Бахреин на Твитер.

Шеикот Ал-Калифа го водеше Бахреин со децении и на таа функција ја „преживеа” Арапската пролет во 2011 година, и покрај барањата да биде сменет поради обвинувања за корупција.

Веста за неговата смрт ја објави и државната агенција, наведувајќи само дека бил лекуван во клиниката „Мајо”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.