На 80-годишна возраст почина поранешниот привремен претседател на Алжир, Абделкадер Бенсалах, соопшти денеска претседателот на Горниот дом на Парламентот.

Бенсалах беше на функцијата со месеци откако масовните протести го принудија долгогодишниот лидер Абделазиз Бутефлика да се повлече од функцијата во април 2019 година.

Претседателството соопшти дека Бенсалах ќе биде погребан во четврток.

Бенсалах беше спикер на горниот дом на парламентот кога Бутефлика се повлече од функцијата и потоа беше назначен за привремен претседател согласно Уставот, и покрај противењето на демонстрантите и некои опозициски партии.

Тој остана на функцијата се додека актуелниот претседател Абделмаџид Тебун не беше избран во декември 2019 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.