Поранешниот премиер на Полска Јан Олшевски почина во воената болница во Варшава доцна во четвртокот, објави полската државна телевизија.
Олшевски (88) беше третиот премиер по распадот на комунизмот во 1989 година и беше шеф на владата шест месеци од декември 1991 до јуни 1992 година.
Како поранешен адвокат, Олшевски ги претставувал членовите на демократската опозиција на суд во времето на комунизмот. Тој беше номиниран за премиер од страна на Порозумиение Центрум, првата политичка партија што ја создаде Јарослав Качињски, шеф на актуелната владејачка партија.
Олшевски беше и советник на починатиот претседател Лех Качински, кој загина во авионска несреќа во 2010 година.
Пред неколку дена, Олшевски се онесвестил дома, по што бил однесен во болница. Неговата сопруга изјави дека за сето време тој бил во несвест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.