Еден од најбогатите луѓе во светот, милијардерот Дејвид Кох, почина во 79-тата година.

Веста за смртта ја објавија членовите на неговото семејство.

Тој беше бизнисмен, филантроп и политички активист. По професија беше хемиски инженер.

Во 1970 година се придружил на семејниот бизнис – Кох индустрија, втора по големи компанија во Соединетите Американски Држави чиј годишен приход е околу 110 милијарди долари.

Минатата година Кох се повлече од семејната компанија, која ја основал неговиот татко Фред, како и од својата влијателна политичка фондација, наведувајќи ја како причина лошата здравствена состојба.

Тој беше на 11-тото место на листата а најбогати луѓе во светот за 2018 година на Форбс, со богатство проценето на над 48 милијарди долари.

Тој беше познат како еден од главните финансиери на американската Републиканска партија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.