Тринаесетгодишно момче, во градот Асти во италијанскиот регион Пиемонт, загина ноќта помеѓу старата и новата година, откако со петарда беше погоден во стомакот, пренесува агенцијата Анса.

Во Неапол, една жена заврши во болница откако беше погодена од „залутан“ проектил на балконот во главата, а уште осум лица беа повредени за време на огнометот.

Вкупно, оваа година, пожарникарите беа повикани да интервенираат 229 пати низ цела Италија, половина помалку од претходните години.

Очигледно е дека карантинот што е во сила и строгите полициски мерки за контрола влијаеја на прославата на Новата година да помине со помалку жртви и повредени отколку во претходните години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.