Аргентина го легализираше абортусот и со тоа стана првата јужноамериканска земја што се одлучи на таков чекор.
Со новиот закон изгласан од Сенатот, се легализира абортусот до 14. недела од бременоста. Како што пишуваат аргентинските медиуми, со тоа се постигнала историска победа на растечкото движење за правата на жените во Аргентина.
По објавувањето на резултатите од гласањето, на улиците на Буенос Аирес се одржуваа прослави за усвојувањето на законот.
За законот гласаа 38 сенатори, додека 29 беа против. Гласањето следуваше по маратонската дебата што започна во вторникот.
Со оваа одлука, Сенатот го собори традиционално силното влијание на католичката црква во Аргентина.
Предлог-законот беше усвоен претходно во горниот дом на парламентот и има поддршка од претседателот Алберт Фернандез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.