Фармацевтската компанија „Бионтек“ соопшти дека сака да ја користи технологијата мРНА, која е применета на нејзината вакцина против корона вирусот, за борба против маларијата.
Германската компанија, која ја разви вакцината против корона вирусот заедно со американскиот партнер „Фајзер“, планира да почне клинички испитувања за безбедна и високо ефективна вакцина против маларија до крајот на следната година.
„Бионтек“ информира и дека сака да отвори фабрика за производство на мРНА вакцини во Африка, која спаѓа во регионите кои се борат да добијат доволно дози од вакцината против Ковид-19.
Компанијата претходно соопшти дека работи на кандидат за вакцина против туберкулоза, за која клиничките испитувања треба да почнат во 2022 година, како и на терапии за неколку видови карцином.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.