Летонија најави „затворање“ на земјата од 21 октомври до 15 ноември во обид да го забави растот на инфекции на коронавирус. Летонија е на прво место во светот според нивото на заразени, изјави министерот за здравство Даниел Павлјутис по вонредниот состанок на владата.

Продавниците, рестораните, училиштата, забавните и културните локации ќе бидат затворени за време на „локдаунот“. Ќе работат само објекти за услуги од примарно значење. После тоа, „заклучувањето“ ќе се ублажи само за вакцинирани, истакна министерот.

Нашиот здравствен систем е во опасност, рече премиерот Артурс Кришјанис Каринш, наведувајќи го ниското ниво на вакцинација во земјата како причина за зголемените хоспитализации. Во Летонија, стапката на вакцинација е една од најниските во Европската унија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.