Нов Зеланд денеска соопшти дека армијата ќе ги надгледува карантинските објекти и ќе ги заостри граничните контроли, откако на две лица заразени со коронавирусот им било дозволено да се движат низ целата земја.

Нов Зеланд вчера го загуби статусот „земја без корона“, откако на две жени кои пристигнаа од Велика Британија им било дозволено да го напуштат карантинот за да посетат пријател на смртна постела, за кој подоцна се покажа дека е заболен од Ковид-19.

Премиерката на таа земја Џасинда Ардерн рече дека на заразените лица не требало да им се дозволи да заминат од карантин.

Ова е неприфатлива грешка на системот. Ќе бараме да се спроведе не еден, туку два теста во овие објекти, без исклучок – рече Ардерн.

Таа се договорила со помошникот министер за одбрана Дигби Веб да ги надгледува сите карантини и да раководи со објектите за изолација,вклучително и процесот на пуштање на луѓето од тие објекти. Ардерн рече дека Веб може да побара пристап до воена логистика, оперативна експертиза и, доколку е потребно, персонал, за ракување со карантински капацитети.

Таа најави дека ќе се изврши ревизија за да се осигура дека се следат процесите и да се направат сите потребни промени за понатамошно зајакнување на граничните објекти



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.