По повеќедневни немири и протести против полициското насилство во кои беа убиени најмалку 69 лица, началникот на нигериската полиција М. А. Адаму нареди општа мобилизација на полициските сили со цел „враќање на јавниот простор од криминалните елементи маскирани во демонстранти“ .
Во наредба што може дополнително да ги зголеми тензиите во најнаселената африканска земја, Адаму побара „доминација во јавниот простор“. Тој ги повика „чесните граѓани да не паничат и да ги здружат силите со полицијата за да ги заштитат своите заедници од криминалци“.
Во вторникот, војници пукаа во демонстрантите во Лагос, убивајќи најмалку 12 лица.
Многу Нигеријци оттогаш го критикуваа претседателот Мухамаду Бухари за тоа што не ги спомна убиствата во своето обраќање и наместо тоа ги предупреди граѓаните да не ја „нарушуваат националната безбедност“.
Владата тврди дека протестите биле преземени од насилници кои ограбиле и запалиле автомобили и деловни простории по инцидентот во вторникот.
Бухари рече дека биле убиени 51 цивил, како и 11 полицајци и седум војници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.