На само пет километри од напуштената нуклеарна централа во Чернобил се приближи шумскиот пожар што со денови пустоши во евакуираната област во северна Украина.
Повеќе од 300 пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот со помош на хеликоптери и авиони кои фрлаат вода од воздух, јави Би-Би-Си.
Полицијата соопшти дека пожарот гори од 4 април, кога човек запалил сува трева во близина на таканаречената „забранета зона“ од 2.600 метри квадратни околу нуклеарната централа во Чернобил. Пожарот оттогаш се приближува до напуштената електрана.
Областа позната како „забранета зона“ е евакуирана во 1986 година, кога по експлозија во еден од четири реактори на нуклеарната централа, радиоактивни облаци покрија поголем дел од Европа. Најтешко погодената област беше во непосредна близина на електраната
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.