Осум негуватели во германскиот град Штралсунд, коишто учествувале во почетниот бран од масовната вакцинација против Ковид-19, по грешка добиле петрактна доза од вакцината.

Како што објави германскиот дневен весник „Билд“, засегнатите, седум жени и еден маж, по вакцинирањето имале симптоми на грип.

Според властите во округот Форпомерн-Риген, четири вакцинирани лица поднеле барање за хоспитализација заради следење на развојот на ситуацијата.

Во соопштението на локалните власти се посочува дека производителот на вакцини „Бионтек“ информирал дека во првата фаза од студијата биле тестирани поголеми дози без поголеми последици.

Грешката се случила кога при подготовката на инјекцијата, надлежниот лекар очигледно ги превидел информациите на пакувањето.

Станува збор за шишенце со повеќе дози, чија содржина треба да се раствори – се вели во соопштението на „Бионтек“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.