Кандидатот на Демократската парија на претседателските избори во САД, Џо Бајден, го презеде водството во сојузната држава Пенсилванија. Како што објави Си-Ен-Ен, според последните бројки, Бајден во Пенсилванија има околу 6.000 гласови предност пред актуелниот претседател, Доналд Трамп.
Претходно денеска, од САД стигнаа вести дека Бајден преминал во водство и во Џорџија, со околум 1.000 гласови.
Сепак, неизвесноста продолжува со оглед на тоа што се уште има доволно необработени гласови за кој било од двата кандидата да ги добие електроските гласови во овие држави.
Засега, Бајден има обезбедени 253 електорски гласови, додека Трамп има сигурни 214 електорски гласови, од потребните 270 гласови за влез во Белата куќа.
Се уште нема конечни резултати уште од сојузните држави Невада, Аризона, Пенсилванија, Северна Каролина, Џорџија и Алјаска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.