45-годишниот Гери Мартин кој работел во индустрискиот комплекс на фабриката Хенри Прат во градот Аурора во американската држава Илиноис,по добивањето отказ убил пет луѓе и ранил шестмина од кои пет биле полицајци.

По 15 години работа во оваа фабрика тој пред два дена добил отказ, по што го извршил убиството.

Во меѓувреме локалната полиција објави дека напаѓачот односно работникот Гери Мартин е убиен по 90 минутна престрелка по претходно опколување на просторот во кој се наоѓал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.