Во Милано од денеска во вечерните часови е забрането продажба на пијалоци за носење, се со цел да не се собираат луѓето, изјавил градоначалникот Џузепе Сала.

Работното време на баровите и ноќните клубови нема да биде ограничено но, по 19 часот, нема да се дозволи продажба на пијалоци за носење, откако изминатиов викенд се прекршени забраните за групирање.

epa08439039 A view of the Galleria Vittorio Emanuele during phase 2 of the coronavirus emergency, in Milan, Italy, 23 May 2020. Several countries around the world have started to ease COVID-19 lock-down restrictions in an effort to restart their economies and help people in their daily routines after the outbreak of coronavirus pandemic. EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Секако не сакам да се однесува како шериф, но имам голем притисок од луѓето кој се жалат на ваквиот начин на однесување и затоа морам да се обидам да ја смирам работата, изјавил Сала.

Инаку, угостителскте објекти примаат ограничен број на луѓе, со одржавање на потребната дистанца. Контролата во ноќните клубови и барови ја спроведува државната полиција, карабињерите и финансиската и локалната полиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.