Велика Британија нема да спроведе никаква „нелојална конкуренција“ кон Европската унија од која стравуваат Европејците по Брегзит, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон, претставувајќи ја неговата визија за идните односи со ЕУ.
– Ние нема да се впуштаме во никаков дампинг, без разлика дали станува збор за трговски, економски или еколошки, како што се плаши Брисел, истакна конзервативниот лидер, ветувајќи дека нема да ги поткопа европските стандарди.
Џонсон во говорот ги наведе и клучните точки од ставот на неговата земја во преговорите со ЕУ за идните односи по Брегзит.
Сепак, тој исто така рече дека Велика Британија нема да се усогласи со европските регулативи како цена за слободна трговија.
– Дали ќе инсистираме на тоа ЕУ да го прави истото како и ние како цена за слободна трговија, секако дека нема. Не гледам причина да се обврземе на тоа со договор со ЕУ. Ќе го вратиме целосниот суверенитет над нашите граници, миграцијата, конкуренцијата, регулативите за субвенции , снабдување, заштита на податоците , рече Џонсон.
Тој исто така рече дека соработката со Европејците во врска со одбрана и надворешна политика не мора да се регулира со договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.