Спасувачите извлекоа живо женско бебе од урнатините на високата станбена зградата во рускиот град Магнитогорск, која синоќа се урна по силна експлозија.
Бебето е пронајдено после 35 часа откако дел од десеткатницата се урна по експлозија за која се верува дека е предизвикана од истекување на природен гас.
Девојчето кое има 11 месеци претрпело огромен шок поради екстремно ниските ноќни температури и неговата состојба е загрижувачка, тоа веднаш е однесено на реанимација.
Во трагедијата загинаа најмалку седум лица, а десетици се сметаат за исчезнати.
Регионалното министерство за вонредни состојби претходно објави дека нема информации за 37 жители на зградата.
Надеж за пронаоѓање на живи луѓе под урнатините речиси да нема, бидејќи температурите ноќеска беа околу минус 18 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.