Пандемијата на коронавирус доведе до затворање на границите, самоизолирање и социјална дистанца. Во некои случаи, пандемијата раздели цели семејства.

Ова е причината зошто моментот кога момче од Кина конечно ја виде својата мајка, по 29 дена во карантин, е особено скапоцен.

Тоа е здравствен работник која поминала 15 дена во болница борејќи се да ги спаси своите пациенти, а потоа поминала две недели во самонаметнат карантин. Мајката се вратила дома на 14 март во градот Шијаџаунг во провинцијата Хебеј, пренесува УНИЛАД.

Штом излезе од автобусот, нејзиното дете и полета во рацете плачејќи. Можете да го видите трохателниот момент на средбата на мајката и нејзиниот син во видеото

Од декември, во Кина се пријавени над 80.000 случаи на Covid-19. Сепак, неодамнешните податоци покажуваат дека има успех во тоа како локалните власти и надлежните здравствени власти го контролирале ширењето на инфекцијата. Д-р Гауден Галеа, претставник на СЗО во Кина, вели дека другите земји можат да научат многу од кинескиот пример.

“Природниот тек на епидемијата не мора да достигне ниво што ќе предизвика преоптоварување на здравствениот систем. Лекцијата, во овој случај, е да се намали контактот, што е она што другите земји треба да го усвојат и применат”, вели др. Галеа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.