Европската комисија се подготвува да ја забрани супстанца „исотонитазен“, психотроп кој може да доведе до смрт, според европските санитарни власти.

Станува збор за синтетичка дрога што се појавила во пет земји на ЕУ во април 2019, и до сега и се припишуваат два смртни случаи во Европа, а 21 во САД и Канада. Дрогата се продава главно преку интернет како прашок, некогаш во форма на спреј за нос.

По презентацијата на новата ЕУ агенда и акциски план за дроги денеска преземаме мерки за забрана на нова опасна супстанца и ќе останеме внимателни, ќе го набљудуваме појавувањето на нови опасни супстанци, изјави еврокомесарката за здравство, Илва Јохансон.

За опасноста од исотонитазенот извести Агенцијата за мониторинг на дроги и зависност од дроги на ЕУ.

Европската комисија од денеска ја започнува процедурата за забрана на оваа супстанца на територијата на ЕУ, забраната ќе биде ефективна откако ќе биде одобрена од Советот и Парламентот на ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.