Планот на британскиот премиер Борис Џонсон да ги укине практично сите антиковид мерки во Англија од понеделник претставува закана за целиот свет, тврдат 1.200 светски научници.

Планот на Џонсон создава плодна почва за појава на варијанти отпорни на вакцини на коронавирусот, велат научниците.

Во писмо до престижното медицинско списание „Лансет“, потпишано од 1.200 научници, вклучително и владини советници од Нов Зеланд, Израел и Италија, се вели дека позицијата на Велика Британија како клучна за глобалниот сообраќај ќе значи дека секоја нова варијанта на коронавирус од таа земја може брзо да се прошири и на остатокот од светот.

Според Гардијан, писмото е испратено по итен состанок на научници и лекари кои се занимаваат со проблемот со пандемијата на коронавирусите.

Според владините податоци, новите инфекции со коронавирус во Велика Британија се на највисоко ниво за шест месеци, а бројот на луѓе во болница и кои умираат со Ковид е на највисоко ниво од март досега. Според податоците од четвртокот 3.786 лица се во болница со Ковид а регистрирани се 63 смртни случаи поврзани со вирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.