Припадник на терористичката група „Хајат Тахрир Аш-Шам“ е уапсен во градот Уфа, во западна Русија.

Од руската федерална служба за безбедност (ФСБ) соопштија дека тој бил уапсен при подготовка на бомбашки напад врз полициски објекти и болницата на Министерството за надворешни работи.

ФСБ наведе дека станува збор за 26-годишен жител на градот.

„Тахрир ел Шам“ е една од главните радикални исламистички организации, која учествуваше во граѓанската војна во Сирија. Формирана е во 2017 година врз темелите на познатата терористичка група „Фронтот ал Нусра“.

На почетокот на април, ФСБ уапси двајца исламисти кои планираа со бомба да нападнат една образовна институција во Симферопол.

Претходно во текот на денот, Истражниот комитет објави дека е спречен терористички напад и во московскиот регион. Напаѓачот, припадник на терористичката организација ИД е притворен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.