По долги консултации, Јужна Кореја и САД одлучиле да ги одржат годинешните заеднички воени вежби и покрај повиците на Cеверна Кореја за нивно откажување.

На претстојните вежби ќе учествуваат минимален број војници, а нивниот број ќе биде помал отколку за време на пролетните маневри – објави агенцијата „Јонхап“, повикувајќи се на јужнокорејски извори.

Пред почетокот на маневрите, закажаниза неделава, во Јужна Кореја ќе се одржи четиридневна проба, на која ќе треба да се види подготвеноста на двете армии да реагираат на неочекувани итни ситуации.

Претставници на јужнокорејското Министерство за одбрана минатата недела изјавија дека е „пожелно“ маневрите да бидат прекинати поради пандемијата на корона вирусот и потребата да се преговара со Пјонгјанг. Оваа позиција беше поддржана и од владејачката Демократска партија.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, претходно изјави дека летните маневри ќе имаат негативно влијание врз односите меѓу двете Кореи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.