Авион на компанијата „Бритиш ервејс“, што летал од Лондон за Атина, морал итно да слета во Цирих откако првиот офицер се онесвестил во кокпитот, пренесува „Индепендент“.

Копилотот на авионот Ербас А320 му се пожалил на својот колега дека не се чувствува добро за време на тричасовниот лет кон Атина.

Целиот инцидент се случил над Загреб, а капетанот прво решил да се вратат во Лондон. Сепак, откако неговиот колега се онесвестил, тој бил принуден да изврши итно слетување во Цирих.

По шест часа чекање во Цирих, авионот во Атина стигнал девет часа по полетувањето од лондонски Хитроу.

Безбедноста на нашите патници и екипажот се приоритет. За тоа време се погриживме за патниците – наведува портпаролот на авиокомпанијата кој истакнал дека првиот офицер едноставно се чувствувал лошо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.