Според шпанските медиуми, Барселона ќе загуби еден од своите клучни играчи, Жерар Пике, во текот на летото.

Според Дон Балон, Пике веќе го известил Меси и луѓето од управата дека сака да го напушти Ноу Камп по 12 години, при што МЛС се наведува како можна следна дестинација.

Иако има договор до 2022. година, 33-годишниот стопер ја донесе својата одлука да си замине додека влегува во неговиот залез од кариера, но сепак сака да продолжи да игра фудбал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.