Шеесет и седум лица се идентитфикувани и приведени како учесници во целоноќна забава во еден хостел во Шпанија на која не се почитувала ниту една заштитна анти-корона мерка.

Забавата се случила во конаците од поранешен манастир, пренаменети во хостел, во градот Дерио, во близина на Билбао во покраината Баскија.

На видеото, кое ги прикажува младите како се забвауваат со алкохол, диџеј и девојки облечени како калуѓерки, може да се види младо момче како зборува дека станува збор за нелегална, затворена забава. Снимен е и моментот кога доаѓа полицијата, при што тој вели дека само се забавуваат и дка треба да бидат оставени на мира.

Против идентификуваните учесници на забавата ќе биде поведена постапка за прекршување на здравствените мерки во Баскија, меѓу кои се и забрана за собирање на повеќе од шест лица, полициски час и задолжителна употреба на заштитни маски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.