Шестмина млади германски туристи загинале, а 11 се повредени откако во нив удрил автомобил во северна Италија.

Тешката несреќа се случила ноќеска после полноќ во близина на Болцано, во моментите кога германските туристи се собирале за да се качат во автобус. Полицијата соопшти дека шест лица починале на самото место, додека повредените се превезени во локални болници.

Италијанските медиуми објавија дека возачот најверојатно е локален жител кој во моментот на несреќата бил пијан.

Претседателот на регионот Алто Адиџе, Арно Компачер, изјави дека жртвите, сите на возраст од 20 и 21 година, биле дел од група германски туристи кои биле на одмор во оваа област. Скијачките центри околу Болцано се популарни меѓу Германците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.