Пет пациенти заболени од ковид-19 ги загубија животите во пожар кој избувнал на оддел за интензивна нега во болница во Санкт Петербург, веројатно поради преоптовареност на респиратор, јавуваат во вторникот медиумите.
Руското министерство за вонредни состојби соопшти дека пожарот избувнал на одделот за реанимација на шестиот кат од болницата „Свети Георги“ во Санкт Петербург, во која се примаат заразените со коронавирусот.
Пожарот бил локализиран на површина од 10 квадратни метри и од болницата се евакуирани 150 пациените. Оваа болница во руската северна метропола е адаптирана за прием на пациенти со коронавирус.
Респираторите работат до крајни граници. Според привичните сознанија, дошло до преоптоварување и респираторот се запалил, што го предизвикало пожарот“, рекол неименуван извор за приватната новинска агенција Интерфакс.
Агенцијата ТАСС пренесува дека според регионалниот оддел на Министерството за вонредни ситуации, причината за несреќата е веројатно неисправност на респираторот или краток спој во уредот предизвикан од неисправна електрична опрема.
Претходно во саботата едно лице загина во пожар во болница во Москва, каде што исто така се лекуваат заболени од ковид-19.
Русија по рекордните 11.656 новозаболени во понеделникот, има вкупно 221.344 случаи на заразени со новиот коронавирус, со што е третата земја во светот според овој показател по САД и Велика Британија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.