Белгиската влада соопшти утрово дека се детектирани уште пет нови случаи на лица заразени со новиот коронавирус, вкупниот број на потврдени случаи помина од осум на тринаесет за 24 часа.

До понеделникот Белгија имаше само два регистрирани случаи на инфицирани со ковид-19, но со враќањата од одмори по една недела распуст за училиштата, бројката брзо расте, како што очекуваа властите.

Референтната лабораторија во текот на изминатата ноќ извршила 243 тестирања, од кои пет се позитивни на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Сите случаи се лица кои се вратени од северна Италија, имаат умерени симптоми – температура, настинка и кашлица.

Еден од пациентите е од Брисел, останатите се од другите региони во земјата.

Вчера Белгија премина во втора фаза на ризик, но сѐ уште не се откажуваат големи јавни собири.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.