Вчерашната смрт на двајца мажи, едниот во шеесети години и другиот од 90 години, го зголеми во Викторија, втора по големина држава во Австралија бројот на починати од Ковид-19 ба 106 заради што повторно се воведува карантин за 5 милиони жители во Мелбурн, соопшти денеска премиерот Даниел Ендруз по рекордниот дневен раст на бројот на случаи со корона вирус.
Ова е неиздржлив огромен број на нови случаи, изјави Ендруз на конференција за новинарите.
Мелбурн во текот на претходниот ден забележа 191 случај на заразата што е најмногу од почетокот на епидемијата. Ден претходно регистрирани се 127 нови случаи.
Карантинот стапува на сила од утре навечер и ќе биде на сила шест седмици.
Ендруз изјави дека во Мелбурн се очекува „огромна штета“ поради воведувањето блокади, но инсистира на тоа дека нема алтернатива и дека пандемијата ќе однесе илјадници животи доколку излезе од контрола.
Сите простори кои внимателно се отвораа ќе мора повторно да прејдат на услуга за достава, изјави премиерот и додаде дека сите останати фирми кои се отворија ќе мора да се затворат.
Ендруз изјави дека се очекува влошување на стапката на ширење на заразата пред ситуацијата да се нормализира и нагласи дека жителите кои ќе се обидат да ја напуштат блокираната зона ќе се соочат со „сериозни казни“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.