Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков го оцени како „неточен и за жалење“ коментарот на претседателката на Европската агенција за лекови (ЕМА), Криста Виртумер-Хохе, која го спореди итното одобрување на вакцината „Спутник“ со играње руски рулет.

Што се однесува до оваа изјава, таа е во најмала рака за жалење, а според наше мислење не е точна – истакна Песков на прес-конференција.

Тој нагласи дека побарувачката за вакцината и процесот на вакцинација во многу земји укажува на нејзината релевантност и популарност.

Русија е против политизација на вакцините, имајќи го предвид фактот дека руската вакцина против Ковид-19 понекогаш се соочува со неоснована критика – додава Песков.

Според него, руската вакцина „Спутник“ е исклучително ефикасна.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.