Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека ниту еден странски лидер нема да биде поканет на парадата во мај по повод одбележувањето на 76-годишнината од победата во Големата татковинска војна.

Ова не е јубилејна година. Нема да бидат поканети странски гости – наведе Песков.

Тој додаде дека постои процедура за повикување на гости на парадата, но оти можни се измени по препорака на здравствените власти поради пандемијата со ковид-19



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.