Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, изјави дека ланираното повлекување на војниците опд Авганистан воопшто не значи дека САД имаат намера да ја напуштат земјата.

Да, ние ги повлекуваме нашите воени сили, но имаме намера да го задржиме дипломатското присуство во Кабул – изјави Прајс на прес-конференција.

Прајс потенцира дека плановите на американската администрација се одржување на континуирано партнерство со авганистанската Влада и со народот во Авганистан.

Апсолутно немаме намера да се откажеме од Авганистан – нагласи портпаролот Прајс.

Минатиот петок, за време на состанокот со афганистанскиот петседател, Мохамад Ашраф Гани, во Белата куќа, американскиот претседателот Џо Бајден порача дека поддршката на САД за Авганистан нема да запре кога ќе заврши американското воено повлекување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.