Од американското министерство за одбрана соопштија дека најмалку двајца бомбаши самоубијци се разнеле во терористичкиот напад на аеродромот во Кабул.
По детонациите, голем број борци од терористичката милиција Исламска држава отворија оган врз цивили и војници – изјави американскиот генерал Кенет Мекензи, кој ја предводи американската Централната команда.
Во исто време, Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот преку својот медиум „Амак“.
Во соопштението на Исламската држава се тврди дека околу 160 луѓе се убиени или ранети во самоубиствен напад и се наведува дека жртвите се американски сили и други кои соработуваат со нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.