Дискусијата за ексклузивни привилегии на вакцинираните лица нема смисла, освен ако за имунизација не се отворени сите возрасни групи, рече портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на објавите во медиумите за можноста, оние граѓани кои се веќе вакцинирани да имаат отворен пристап до одредени активности, јави дописничката на МИА од Атина.
Во однос на процесот на имунизација во земјата, таа истакна дека од почетокот на месецов веќе се вакцинираат по 100.000 граѓани дневно, а до крајот на мај ќе бидат спроведени над 5.400.000 вакцинации.
Со една доза ќе биде вакцинирано околу 33 отсто од населението, а со двете дози околу 20 проценти од популацијата – истакна Пелони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.