Во Кина денеска се пријавени нови 49 случаи на зараза со корона вирус од кои 36 во Пекинг. Случаите се поврзуваат со пазар кој го снабдува поголемиот дел од градот со месо, риба и зеленчук.
Останатите десет случаи се увезени во земјата и регистрирани во провинцијата Хубеј, покрај Пекинг. Националната здравствена комисија пријави денеска дека 177 лица се лекуваат од Ковид-19, а дека 115 се во изолација.
Новите случаи на заболени денеска претставуваат највисок дневен раст на заразени втор ден по ред во последните два месеци и заради тоа Пекинг ги откажа најавените отворања не некои основни училишта и воведе нови рестриктивни мерки.
Градот исто така го затвори пазарот и нареди тестирање на сите вработени. Околу пазарот 11 станбени квартови се ставени во изолација. Неколку градови во земјата сега ги советуваат своите граѓани да не патуваат во Пекинг.
Здравствените лица во Пекинг наведуваат дека генетските истражувања покажале дека во овој нов вид на вирус кој предизвикува ново жариште е поврзан со вид од Европа, но не е јасно дали се шири со движењето на луѓето или преку транспортот на храна.
Во Кина вкупно се пријавени 4,634 смртни случаи од вирусот и 83,181 заразен од почетокот на епидемијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.