Здравствените власти во Пекинг соопштија во петокот дека од луѓето повеќе нема да се бара да носат маски за лице во јавност, откако кинескиот главен град не објави нови случаи на коронавирус во 13 последователни дена.
Градските власти веќе го укинаа барањето за носење маски во април, но го воведоа повторно во јуни, откако забележаа повторно оживување кај локално пренесените инфекции на Ковид-19 по избувнување на заразата на еден од пазарите на големо.
Во текот на изминатите 24 часа, цела Кина пријави 22 нови увезени коронавирусни инфекции, но нема изнесено нови локално пренесени случаи во последните пет дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.