Фронтменот на Џамироквај, пејачот Џеј Кеј, беше принуден да ѝ соопшти на јавноста дека тој не е еден од учесниците во демонстранциите во Вашингтон, кои влегоа во американскиот Конгрес. Тој преку видео порака им се обрати на „твитерџиите“, откако на социјалната мрежа беше споредуван со највпечатливот лик од протестот.

Можеби мислите дека ме видовте во Вашингтон вчера, но да знаете дека не бев меѓу тие лудаци. Не сум сигурен дека тоа е мое друштво, вели Џамироквај во видео пораката, поздравувајќи ги своите фанови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.